Како да продолжите понатаму по измама во врската или бракот

2170

Кога некое лице открива измама во врската/бракот, тоа за неа претставува интензивно и болно емотивно искуство. Она што е карактеристично за оваа состојба е почетната фаза на шок или неверување, а потоа конфузија, конфузија во емоциите и конфузија во мислите.

На лицето му се движат по главата мисли/слики фокусирани на чинот на измамата, како тоа се случило, каде и со кого (ако не открила), во кој период, дали е само еднаш или имало повеќе пати, мисли во врска со партнерот како тој можел да го направи тоа, како се осмелил тој/таа е лоша/неморална, безвредна личност (таквите мисли го одржуваат чувството на огорченост и лутина), лицето преиспитува што не било во ред во врската со партнерот/- ката, размислува за тоа како не можела да забележи што се случува или забележувала, но не реагирала, понекогаш размислува дали придонела за такво нешто да се случи што предизвикува доплнително чувство на вина.

Личноста може да ги доведе во прашање своите физички и ментални карактеристики, нејзината самодоверба може да се разниша, бидејќи нејзиниот партнер избрал некој друг, а не неа, можеби тоа лице има нешто што тој/таа не го поседува.

Некои луѓе ја разрешуваат оваа конфузија така што донесуваат цврста одлука да излезат од врската, меѓутоа, за некои е многу тешко да се одлучат на тој чекор. Во дилема се “Што да се прави?”, се чувствуваат повредени, лути, фрустрирани, дури и отфрлени, но од друга страна размислуваат за тоа да му простат на својот партнер и да останат во врската. Во овој текст ќе стане збор токму за овој вид на дилема, која во пракса често се среќава кај клиенти кои биле измамени од страна на партнерот.

Дали навистина сакате да останете во врска/бракот со партнерот/ката кој/а ве измамил/а?

Продолжува на страна 2