
Ако сте си го поставиле ова прашање, пред сè е битно да не размислувате повеќе за партнерот и самиот чин на измамата, за она што се случило и повторно и повторно да се оптоварувате и повредувате себе си со различни сценарија во главата. Важно е веднаш и целосно да се фокусирате на СЕБЕ и на своите сопствени ПРИЧИНИ за останување во врската/бракот. Причините за останување можат да бидат различни, проверете дали вашата причина навистина е љубов кон партнерот или е нешто друго во прашање. Ќе наведеме некои можни причини за останување во врска/бракот:
Страв од осаменост. Може да се случи дека ви и е многу потешко да ја поднесете ситуацијата повторно да сте сами отколку да останете во врската, бракот, дури и ако вашиот партнер ве измамил. Самата идеја на тоа дека си сам и немаш некој покрај себе, ве ужаснува и имате впечаток дека би почувствувале уште поголема емоционална болка отколку што сега ја чувствувате.
Страв да почнете одново. Размислувате за тоа колку е тешко повторно да се најде партнер, дека сте можеби помалку посакувани или интересни за спротивниот пол, дека сте излегле од “форма”, кога станува збор за комуникации, флертувања, излегувања на состаноци. Тоа за вас претставува застрашувачко ново поле, во кое не знаете како ќе се снајдете.
Одмазда. Сакате да останете во врска/бракот само за да му се одмаздате на својот партнер/ка, сакате да ја почувствува таа количина на болка која сте ја почувствувале. Мислите дека така ќе биде полесно за вас и дека вашата болка ќе исчезне или барем ќе биде помала.
Финансиска сигурност. Вие останувате затоа што сметате дека не сте доволно способни за да обезбедите финансиска сигурност за себе. Вие нема да се откажете од конфорот и начинот на живеење што сте го имале досега, мислите дека е поважно од емоционалниот однос што го имате со вашиот партнер.
Деца. Ако измамата се случила во брак во кој веќе има деца, тогаш често се останува во бракот поради децата. Сепак, тензијата која постои помеѓу партнерите децата лесно можат да ја почувствуваат, особено ако измамената страна ги вклучи во проблемот кој се случил, а кој ги засега само возрасните.
Се срамите од она што ќе речат другите. Некои луѓе измамата од страна на партнерот ја доживуваат како свој пораз. Се плашат да им признаат на пријателите и роднините дека нивниот партнер ги измамил и ја прикрива целата приказна. Често постојат уверувања дека бракот мора да опстане по секоја цена и дека е срамно да се разведе заради такво нешто.
Продолжува на страна 3


















