Министерот Филипче соопшти дека учениците од прво до трето одделение ќе учат од училишните клупи, а останатите онлајн.
„Сепак, со барање на родителот и учениците од прво до трето одделение ќе можат наставата да ја следат и онлајн. Одлучивме родителите на овие ученици да можат да одлучуваат дали детето да следи онлајн или физичка настава, како резултат на тоа што тие можеби имаат родители или баби и дедовци кои имаат хронични болести, па семејството е во поголем ризик. Вториот исклучок е во училиштата каде има мал број на ученици и тие ќе можат да следат настава со физичко присуство“, изјави Филипче.
Министерот Адеми ги повтори заклучоците на Владата и потенцираше дека е одлучено по препораките на Комисијата за заразни болести.



















