Совети кои ќе ве направат вистински луѓе

1210

Психолозите од Швајцарија имаат највисока годишна плата во својата област, но тоа не е затоа што се подобри од колегите ширум светот, туку затоа што знаат како да ги наплатат своите совети.

Вистината е дека каде ѝ да сте, кога посетувате психолог, постојат неколку чести совети кои ќе ги добиете, а кои ви изгледаат премногу банални или клише.

Сепак, тоа не значи дека плаќате непрофесионалци, туку дека за ваша среќа, сте еден од полесните случаи со кои психологот се среќава.

Повеќето проблеми потекнуваат од детството. Погледнете ги само своите родители!

Како тие се однесуваат? Зошто така се однесуваат? Постојат многу теории дека поголемиот дел од проблемите датираат уште од детството. Ако разберете зошто вашите родители во минатото постапиле на еден или на друг начин, ќе можете да им простите и да се прифатите себе, а со тоа и да продолжите понатаму.

Проблемите со другите се во вашата глава

Внатрешните дијалози со кои бараме објаснување за нечие однесување воопшто не се корисни. Постапките на другите не можеме да си ги објасниме, затоа што нашиот ментален склоп е поинаков од оној на другата личност. Секој обид да разберете е само создавање нов проблем во главата.

Зборувајте за своите чувства и не отфрлајте луѓе

Секогаш кога некого обвинувате, тој инстинктивно се обидува да се заштити. Ако наместо тоа кажете како се чувствувате, ги мотивирате да ја признаат грешката и да се обидат да ја поправат ситуацијата. Секако, тоа зависи и од она колку ѝ значите на личноста која ве повредила.

Грижете се повеќе за себе, а помалку за мислењето на другите

Споредувањето со други луѓе е сосема неосновано и бескорисно. Секоја личност има свои предности, лични квалитети, желби, таленти… Можеме другите луѓе да ги користиме како инспирација за да се подобриме самите, но не и за да се изедначиме со нив.

Излезете од својата безбедна зона

Овој совет важи за секоја сфера од животот – од промена на работно место, до наоѓање партнер. Пронајдете ја својата страст, ризикувајте и вклучете се во нешто што ви е интересно, колку и да е нетипично за вас.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2