Поставете свои граници и не дозволувајте да ги рушат
Вашите односи со луѓето зависат од границите кои ги поставувате. Трпењето нечие однесување кое не ви одговара и ве повредува, и молчењето во име на мирот, воопшто не ги решава проблемите. Затоа, потребно е да се постават граници и точно да им се покаже на другите до каде можат да одат.
Секој ден направете мал чекор напред
Воведувајте нови навики и размислувања, памтете ги добрите моменти, заблагодарете се… Ќе видите дека ситуацијата и не е толку лоша како што изгледа.
Размислувајте за искуствата кои сте ги стекнале благодарение на некоја ситуација
Секоја стресна и непријатна ситуација од која успешно сме излегле, со себе носи важна животна лекција, која пак ни дава искуство за во иднина полесно да се справуваме со тешките моменти.
Оставете ги нештата да поминат
Промените се секогаш добредојдени, но само за вас. Воопшто не е правилно да ги терате членовите од семејството или пријателите да го следат вашиот пример. За нив можеби важи и функционира нешто сосема различно од вашето. Сепак, тие ве сакаат и ќе имаат разбирање за вашите одлуки, сè додека не им наметнувате потреба да се менуваат поради вас.
Бидете си самите свој пријател
Секогаш бидете спремни да го признаете и да го прифатите поразот. Само на тој начин лесно ќе го надминете и ќе бидете подготвени за новите предизвици, кои со себе ќе донесат и успеси. Сепак и поразите се дел од важните животни лекции кои сите мораме да ги научиме.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















