Неверојатно откритие на морското дно во близина на брегот на Јужна Кореја | Видео

965

“Откривме потонат руски брод со богатство во вредност од повеќе од 100 милијарди фунти!”

Рускиот воен брод, потонат пред 113 години, е откриен во близина на брегот на Јужна Кореја, а истражувачите веруваат дека во него има злато кое вреди повеќе од 100 милијарди фунти.

Оклопниот брод на руската Царска морнарица Dimitrij Donskoi потопен е во битка со Јапонците во мај 1905 година, а остатоците се најдени само еден километар од брегот на јужнокорејскиот остров Ulleungdoa, на длабочина од околу 500 метри.

Бродот го пронашле истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада, а со помош на мала подморница ги снимиле топовите на палубата и сидрото, а на крма сѐ уште може да се прочита името на бродот. Dimitrij Donskoi, крстосувач од шест илјади тони носивост, е пуштен во водите на Санкт Петербург во 1883 година, а го движеле котли на јаглен, како и три јарболи со едра.

Поголемиот дел од руската царска флота била потопена во битката кај Tsushima, а Dimitrij Donskoi, кој превезувал околу 200 тони златни прачки и монети, бил потопен на 29 мај 1905 година, кога тој пловел кон Владивосток. При тоа загинале 60 од 591 членови на екипажот.

Компанијата Shinil планира да го извади бродот во октомври, а веќе известила дека половина од сѐ пронајдено ќе ѝ биде вратено на руската влада.