Дали сте сигурни дека знаете да ги миете вашите заби?

1148

Краток водич за четкање на забите

Миење на забите и не е некоја наука, нели? Два пати дбевно ја ставаш пастата на четкичката. Темелно исчеткаш, измиеш и тоа е тоа. Колку посилно стискаш и подолго четкаш – забите ќе бидат почисти!

Карикираме, но јасно ви е на што целиме – ако веќе нешто правиме два пати на ден, тогаш тоа вреди да се прави како што треба.

Според краткиот водич кој ви го преставуваме, проверете ја техниката на четкање на забите и уверете се дека со соодветни алатки и техники лесно можете да ја избегнете средбата со заболекарската бургија.

1. Свртете ја главата на четката лесно кон непцата, приближно со агол од 45 степени. Четкајте ги забите со нежни, мали кружни движења.

2. Фокусирајте се на секој заб поединечно, изведувајќи од пет до десет кратки кружни движења, почнувајќи од задните заби кон предните.

3. За темелно чистење на секачот, свртете ја четката под остар агол и четкајте со кратки, нежни движења, прво на една внатрешна страна на забите, а потоа на друга.

4. Кога ги четкате предните заби, внатрешната површина четкајте ја со нежни бавни движења, а надворешната површина со побрзи, кружни движења.

5. Не заборавајте да ја исчистите внатрешата страна на вашите заби со мали, кружни движења и нежен притисок.

6. Суштински дел од рутината е темелното чистење на јазикот на кој се акумулирале бактерии. Бидете нежни, но темелни.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.