На крајот од видеото се појавува фотографија на која луѓето гледаат како два крокодила ги допираат своите муцки.
Оваа неверојатна оптичка илузија има потенцијал да ги открие вашите скриени особини на личноста. Во 11-минутното видео објавено на YouTube, десет загатки ја откриваат скриената вистина за работата на нашиот мозок, пишува The Sun.
„Наскоро ќе дознаеме зошто она што го гледате прво открива неочекувана вистина за вас“, беше истакнато на почетокот на видеото. „Додека еден човек може да види една слика, друг може да види нешто сосема друго“.
Овие фотографии ја откриваат тајната на вашиот карактер, а видеото открива зошто итрите оптички илузии можат да го измамат нашиот мозок.
„Мозокот лесно може да се измами“
„Навикнати сме да веруваме во она што го гледаме бидејќи сме сигурни дека нашите очи не можат да нè измамат. Но, некои слики можат да не натераат да видиме работи што ги нема“, беше истакнато.
„Тоа е затоа што не гледаме со нашите очи, туку со нашиот мозок. А мозокот лесно може да се измами. Можеби ќе видите едно нешто на сликата, а некој друг ќе се обиде да ве убеди дека тоа е нешто друго. И затоа оптичките илузии можат да бидат како тест на личноста“, беше објаснето.
На крајот од видеото се појавува слика на која луѓето гледаат како два крокодила ги допираат своите муцки. Оние кои го доживуваат на овој начин се обидуваат да „имаат контрола над секоја ситуација“, додека оние кои ја гледаат птицата претпочитаат да слушаат туѓи мислења и упатства.