Чорба од праз за долг живот | Ќе ја обожаваат и оние кои не го сакаат овој зеленчук

1514

Новата книга „Парадокс на долговечноста“ ќе ви помогне да живеете поздраво, подобро, но и подолго.

Од моментот кога ќе дојдеме на светот, нашите клетки го започнуваат процесот на стареење. Но, стареењето не мора да значи и загробен живот. Во „Парадоксот на долговечноста“, познатиот кардиолог и хирург д-р Steven R. Gundry, автор на бестселерот „Парадокс на растенијата“, претставува иновативен план за долг и здрав живот.

Верувајќи дека никогаш не е доцна да го промените начинот на исхраната и начинот на живот, д-р Gundry приложува план за исхрана и план за нови животни навики кои ќе го одржат здравјето на вашите црева и ќе ви обезбедат удобен и здрав живот во наредните децении. Овој прогресивен и иновативен увид во науката за процесот на стареење претставува нови начини за избегнување и поништување на можноста да се разболите и едноставни трикови кои ќе ви помогнат да се чувствувате помлади и повитални.

Кардиологот Steven R. Gundry успешно се занимава со медицина веќе четириесет години и своето знаење го насочува кон подобрување на исхраната на луѓето. Денес тој работи како лидер и основач на Меѓународниот институт за срце и бели дробови и Центарот за ресторативна медицина во Калифорнија, каде им помага на пациентите да ја контролираат својата тежина, да се грижат за своето здравје и да одржуваат доволно енергија преку специфичен план за исхрана.

Од неговата најнова книга издвојуваме рецепт за едноставна, здрава и брза чорба.

ЧОРБА ОД ПРАЗ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ

Празот во овој рецепт е прекрасна храна полна со полифеноли. Она што е уште подобро е совршен избор за петдневен „пост“. Супата има вкус на свеж лимон, а богатиот вкус на морско оревче ќе ве топли цел ден.

СОСТОЈКИ ЗА 4 ДО 6 ЛИЦА

  • 2 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 500 гр праз исчистен и исечен
  • 2 стебленца целер,
  • ситно сечкани 3 чешниња лук,
  • 1 лажица сечкан темјан
  • Корка од 1 лимон
  • 1 голем карфиол, исечен на цветови долги 5 см
  • ½ лажичка свежо рендано морско оревче
  • 1 лажичка ситна морска сол (по вкус)
  • 2 лажички крупно мелен црн пипер
  • 1 литар супа од зеленчук
  • 1 ловоров лист
  • За декорација ситно сечкан магданос

ПОДГОТОВКА

Загрејте го маслиновото масло на средна температура во поголемо тенџере. Додадете праз, целер, лук, темјан (мајчина душица), кора од лимон, карфиол, морско оревче, сол и бибер.

Пропржете на средна топлина и мешајте додека празот не овене. Истурете ја супата од зеленчук и ставете го ловоровиот лист и варете покриено 25 до 30 минути за карфиолот да стане целосно мек.

Истурете ја супата во блендер или миксер да добиете изедначена смеса (со малку по малку сипете ја супата за да не го преоптоварите блендерот). Вратете ја густата супа на оган и варете уште 10 до 15 минути. Вкусете и посолете по потреба. Посипете ја супата со сечкан магданос пред јадење.