Лузните на кожата веќе се минато 

1766

Секој има белег, кој би сакал да исчезне. Не е важно дали сте го добиле по хируршка интервенција, несмасно бричење или пад од велосипед на 5 години, пишува Science Alert.

Да, денес науката и медицината се доста напредни и можат да се направат еден куп работи за лузни. Сепак научниците пак направија пробив во овој поглед. Тие пронајдоа начин како да се направи така што свежите рани да зараснат како нормална и здрава регенерирана кожа.

Досега тоа се сметаше за невозможно кај цицачи.

“Реално ние манипулираме со зараснувањето на раната така што ја доведуваме до кожна регенрација наместо до се формира лузна,” објаснува Џорџ Коцарелис од Универзитетот во Пенсилванија.

Тајната е прво да се регенерираат фоликулите на влакната. Потоа маста ќе се регенерира во одговор на сигналите од нив.

Ако некогаш сте се запрашале зошто лузни изгледаат различно од нормална кожа, тогаш ова е така, бидејќи кај нив недостасуваат мрсни клетки или фоликули на влакна.

Типот на кожа која се регенерира над мала и површинска рана, е исполнета со мрсни клетки наречени апидоцити (Исти како кожата, со која се раѓаме). Тоа значи дека порано или подоцна двете се спојуваат и раната заздравува.

Лузни сепак се изградени речиси целосно од миофибро оббласти. Во нив нема мрсни клетки. Затоа наместо да се спојат се опкружува со кожа, еднаш штом раната заздравее целосно, тие стекнуваат различен изглед. Засекогаш.

Истото важи и за стареењето на кожата. Со текот на годините ние ги губиме апидоцитите, што доведува до обезбојување и длабоки и неповратни брчки.

Научниците сепак открија дека веќе постоечките миофибро области можат да бидат претворени во апидоцити. Со други зборови – додека раната заздравува, лузните ќе се конвертираат во регенрирана кожа.

“Овие откритија покажуваат дека по нанесувањето на раната имаме потенцијалната можност да натераме ткивото да се регенерира, а не да доведе до формирање на лузна”, вели Максим Пилкус, еден од раководителите на студијата.