Како што изјавил, почнал да чувствува вкочанетост на рацете и нозете уште од шестгодишна возраст, а во болница се јавил откако го изгубил чувството во десната половина од горниот дел на телото.
Лекарите сметале дека е инфекција предизвикана од конзумирање на сурово или полуварено егзотично месо, како што се жаби или змии.
Пациент Чен им кажал дека уште пред 17 години почнал да чувствува како “играње” во рацете и нозете и повремено имал главоболки и гадење. Бидејќи неговите родители имале проблеми со движењето на екстремитетите, Чен ги игнорирал симптомите и никогаш не отишол на лекар верувајќи дека станува збор за генетски проблем. Но, на крајот не издржал и побарал помош дури во 2015 година, откако изгубил чувство на болка во горниот дел од телото.
“Не можев да ја почувствувам раката и не можев да ја кренам”, изјавил Чен.
По скенирањето, лекарите пронашле извртен паразит во мозокот на пациентот и му беше дијагностициран аспарагус мансони, ретка паразитска болест.
Иако сè уште ја утврдуваат точната причина за неговата состојба, лекарите велат дека неговата инфекција е резултат од пиење загадена вода или консумирање недоволно варено месо од диви животни.
“Штом црв ќе навлезе во телото, може да предизвика сериозни инфекции. Паразитот би го “јадел” мозокот и би ги оштетил функциите, а со тоа би предизвикал вртоглавица”, изјавил еден медицински работник пред новинарите.
Чен сега успешно се опоравува откако лекарите го отстраниле црвот од неговиот мозок, долг нешто помалку од 13 сантиметри.