Пита со спанаќ

2136

Кога ќе ја направите оваа пита, ќе го соберете целото семејство на маса, а сите ќе бидат воодушевени од нејзиниот магичен вкус.

Потребно

  • 300 грама спанаќ
  • 1 шолја брашно
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1/2 шолја стопен путер
  • кромид
  • 250 грама рендана моцарела

Подготовка

  • Спанаќот измијте го и обарете го за да омекне
  • Кога ќе се свари, оставете го во цедалка да се олади.
  • Во друг сад помешајте го брашното, солта и прашокот за печиво.
  • Додадете ги јајцата, млекото и стопениот путер, и кога ќе ги измешате добро додадете го и спанаќот, сецканиот кромид и моцарелата.
  • Ставете ја смесата во сад за печење и ставете ја во рерната која претходно сте ја загреале на 190 степени и печете околу 30 – 35 минути.
  • Почекајте да се олади пред да сервирате.