Во Индискиот Океан постои “гравитациска дупка”, односно област каде што Земјината гравитациона сила е послаба, нејзината маса е помала од нормалната, а нивото на морето е пониско за околу 100 метри.
Оваа аномалија долго време ги збунувала геолозите, а сега експертите од Indian Institute of Science во Bengaluru нашле многу добро објаснување за нејзиното потекло – облаци од магма кои доаѓаат од длабочините на планетата, кои се слични на оние кои водат до создавање на вулкани.
Со помош на суперкомпјутер, научниците спровеле симулации за можното потекло на областа, дури и пред 140 милиони години. Симулациите покажале дека причината за „гравитационата дупка“ е древен океан кој повеќе не постои.
– Значи, технички тоа не е сфера, туку елипсоид, бидејќи додека се ротира планетата, средниот дел се испакнува нанадвор – вели Gosh.
Нашата планета не е хомогена по густина и својства, некои области се погусти од другите, што влијае на површината на Земјата и нејзината гравитација.
– Ако истурате вода на површината на Земјата, нивото што го зазема водата се нарекува геоид, а се контролира со разликата во густината на материјалот внатре во планетата – вели Gosh, а пренесува CNN.
Индискиот Океан “Гравитациона дупка”, официјално наречена дно на геоидот на Индискиот Океан, е најниската точка во геоидот и неговата најголема гравитациска аномалија.Таа формира кружна вдлабнатина која започнува веднаш од јужниот врв на Индија и зафаќа околу 3 милиони квадратни километри.
Аномалијата е откриена од холандскиот геофизичар Felix Andries Venning Meines во 1948 година и оттогаш се смета за мистерија.
За да најдат можно објаснување, Gosh и нејзините колеги користеле компјутерски модели за да го вратат часовникот 140 милиони години наназад за да видат како изгледала планетата тогаш.
– Континентите и океаните биле на многу различни места, а структурата на густината била исто така многу различна – вели Gosh.



















