Што треба да знаете за антибиотиците?

83

При студеното време, промена на годишните времиња, обично страдаме од настинки, грип.

При слабост често преферираме сами да се лекуваме и го правиме ова често со антибиотик.

Делиме 4 важни работи што треба да ги знаете за антибиотиците и зошто не е добра идеја да ги земате при секоја мала омалаксаност.

Антибиотиците не помагаат во секој случај

Антибиотиците се борат со бактериските инфекции, но тие нема да бидат ефикасни против вирусите. Тоа значи дека не би ја имале саканата акција, при грип или настинка. Така на пример, при симптоми како постојано висока температура, секреција од носот и тешка болка во лицето може да се укаже дека постои бактериска инфекција на синусите.

Повеќето инфекции на синусите се вирусни, но ако овие симптоми се задржат во текот на многу денови без подобрување, причината може навистина да биде бактериска. Друг пример – ако повторно останете со висока температура, комбинирана со болка во ушите, тоа исто така може да биде знак на бактериска инфекција на увото.

И во двата случаи, антибиотиците би биле соодветни, како дел од третманот. Не смееме да заборавиме дека не сите инфекции се бактериски. Затоа е многу важно како ги опишувате на лекарот вашите состојби и симптоми за да може тој да направи правилна дијагноза.

Прием на непотребни антибиотици може да ви наштети

Со прекумерната употреба на антибиотици бактериите се прилагодуваат на лековите и тие повеќе немаат ефект.

Стануваат резистентни со текот на времето, што го прави потежок третманот на соодветниот здравствен проблем. Ова од друга страна прави полесно ширење на инфекцијата, а во некои случаи може да заврши

Антибиотиците не се универзални

Антибиотиците имаат многу и различни видови. Пример оние кои се за лекување на инфекции на уринарниот тракт не се исти како оние кои ќе се борат со стрептокока во грлото. Во болниците често се применува третманот со широко ориентирани антибиотици, но тие се разликуваат од многу други специфични лекови.

Затоа, ако ни биде доделен погрешен антибиотик, тој нема да биде ефикасен во лекувањето. Исто така може да има непријатни и несакани ефекти.

Антибиотиците не се земаат “за секој случај”

Колку често ви се случило при болести или моментални болки, настинка или грип да почнувате прием на антибиотик? Оној од кој имате останато мала количина дома од претходната болест. Тоа не е добра идеја! Антибиотиците не се аспирин или витамини за да ги земате при секоја омалаксаност.