Дамите преферираат гологлави партнери

1662

Ако до неодамна ќелавите мажи се брзаат да си пресадуваат коса или носат дури и перика, тогаш тоа веќе не е потребно. Според ново истражување се покажува дека дамите преферираат токму гологлави партнери, пишува Daily Express.

Всушност понежниот пол го смета за секси недостатокот на коса. Жените виделе во овој “недостаток” на мажите повеќе сила и машкост. Ова може да биде под влијание на ѕвездите во Холивуд, кои не се срамат од недостатокот на коса како Брус Вилис, Вин Дизел, Џејсон Стејтам и други. А улогите кои им се доверуваат се на силни мажи, кои се справуваат со прилично тешки ситуации.

Затоа пак луѓето со проретчена коса е многу важно да се свесни дека е подобро да не го кријат овој факт, особено со зафрлање на долгите им остатоци од коса назад, бидејќи тоа “прикривање” воопшто не е по вкусот на спротивниот пол .

Најдоброто во овие ситуации на мажите не е да потрошат еден куп пари за да го прикријат паѓањето на косата со пресадување на нова таква. Доволно е само да се избричи целосно главата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.