Наполнивте 40 години, пушите и пиете понекоја чашка ? Можеби треба да размислите за вашите животни навики

1148

Неуредниот начин на живот навистина може да влијае на квалитетот и должината на животот.

Ако наполните 40 години и сакате нештое од ова или сé: пушење, прекумерно консумирање алкохол или опиоиди, тогаш постојат добри шанси да не доживеете осум или девет децении.

Ова можеби не е новост, но долгорочното истражување на речиси 720.000 американски воени ветерани откри кои лоши навики на живот се најлоши, барем кај поранешните војници, кои имаат поголема веројатност да страдаат од состојби како посттрауматско стресно нарушување отколку општата популација.

За целите на студијата, тим научници предводени од Xuan-Mai Nguyen од University of Illinois проучувале осум животни навики за кои се сметаат дека придонесуваат за здрав начин на живот, а тоа се физичка активност, правилна исхрана, неконзумирање големи количини на алкохол, непушење, добра толеранција на стрес, добар сон, одржување на позитивни социјални врски и некористење на лекови против болки.

  • Се покажало дека осаменоста, брзата храна, лошиот сон и прекумерниот стрес во некои случаи се речиси исто толку лоши како и пушењето или опиоидите за секој кој би сакал да доживее полна старост.
  • Студијата покажала дека физичката неактивност е исто толку лоша како и зависноста од никотин или опиоиди.
  • Студијата, претставена на меѓународната конференција “Nutrition 2023” во Boston, покажала дека мажите во 40-тите години со сите осум лоши навики ќе умрат 24 години пред своите врсници кои ги немаат, а животниот век на жените најверојатно ќе се скрати за 21 година.
  • Пушачите, зависниците од опиоиди и оние кои едвај вежбале имале 30 до 45 отсто поголем ризик од смрт, а оние кои сакале да се опиваат, лошо јаделе, не спиеле доволно или биле под голем стрес имале 20 отсто поголем ризик од смрт.
  • Слободните постари од 40 години можат да се релаксираат бидејќи „недостигот на позитивни социјални односи“ е поврзан со само 5 отсто поголем ризик од смрт.

Наодите „ја нагласуваат улогата што начинот на живот ја игра во развојот на хронични болести како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања кои водат до предвремен инвалидитет и смрт“, според US Department of Veterans Affairs и Carle Illinois School of Medicine, кое предупреди дека истражувањето не ја докажува причинската поврзаност.