Уживајте во родителството не заборавајќи дека го трасирате животниот пат на вашето дете

1368

Десет стратегии за вас и вашето дете за избегнување опасности, но и како да се однесувате доколу дојде до несакани ситуации.

Секојдневните обврски дома и надвор од него понекогаш знаат да предизвикаат нервоза, замор, лутина, стрес и други негативни емоции што често пати се рефлектираат на вашето слободно време и пречка во уживањето во една од најубавите и најзначајните работи во животот – родителството.

Застанете на миг, погледнете во вашите деца, тие нека ве инспирираат, следето го срцето но и разумот имајќи во предвид дека го трасирате животниот пат на вашето дете…

  • Слушајте го детето  кога зборува

Гледајте во него и  слушајте кога  зборува. Оставете ги обврските и внимателно слушајте кога вашето дете ви зборува за нешто што нему му значи. Кажете му “одлична приказна” или “благодарам,  убаво што и кажа на мама” и слично. Ако го слушате  малото дете  поставувате важни стандарди и покажувате дека е важно тоа што има да каже.

  • Пофалете го вашето дете за добро сторена работа

Тоа е толку едноставно, а исто така многу моќно! Ако ја среди собата, не гледајте што не направило, туку пофалете го првиот обид со “навистина се потруди, одлично.” А потоа, ако има нешто да се подобри, заедно направите го тоа.  Важен е напредокот, а не е совршенството!

  •  Читајте повторно иста книга

Малите деца често пати сакаат исти цртани филмови и исти книги. Доколку имате повозрасни деца, играјте иста игра, но без притоа да негодувате. Поентата е во тоа да се препуштите на нивните желби и уживате во истата работа. Така тие ќе научат да се грижат за другите.

  • Направете посебен појадок

Со добар појадок започнува прекрасен ден. Ако секогаш ги јадете истите работи, еднаш направете нешто посебно, нешто што вашето дете сака да јаде. Можеби тоа ќе бара малку порано да станете наутро, но така ќе покажете дека се грижите за него и дека понекогаш е убаво да се прават убави работи за некого без причина.

Продолжува на страна 2