-
Оставете го фотоапаратот, мобилниот телефон и само бидете присутни
Живееме во време на постојано фотографирање, снимање на видео, и “закачување” на Фејсбук и Јутјуб. Тоа е убаво и интересно и сигурно ќе биде убав спомен но притоа забораваме да го живееме моментот. Запомнете дека има сеќавања кои засекогаш остануваат во меморијата на детето а фотографијата е само просто сведоштво дека некогаш нешто се случило. Без опседнатоста да го фатите моментот на фотографија, верувајте дека целосно ќе уживаат во моментот и ќе создадете незаборавни мигови.
-
Слободно плачете
Животот носи подеми и падови и децата тоа треба да го знаат, не воздржувајте се да заплачете. Никој не треба да ги сокрива солзите. И тоа е дел од родителството.
-
Смејте се повеќе
Дали се смеете? Смеата е најдобриот лек. Секогаш смејте се, без причина, заедно со децата. Се разбира дека животот е тежок и полесно е да се најде изговор за лелекање, но обидете се да се пронајдете радост и смеа во сè. А децата нека ве видат како се смеете и ќе прераснат во среќни луѓе.
-
Направете сопствена семејна традиција
Дочекајте го секој роденден на полноќ претходниот ден, красете ја новогодишната елка заедно, одете секоја година на истиот датум на семеен ручек, направете пица или палачинка забава со првиот снег …. Ова се некои од примерите, можете да направите свои. Овие се моменти за уживање и паметење.
-
Не плачете по истуреното млеко
Тука мислиме на сите оние моменти на излевање различни состојки во кујната (сок, млеко, брашно, итн.) по што тоа е обично проследено со викање. Наместо тоа, претворете го настанот во шега, избришете ја нечистотијата зедно и подот повторно за миг ќе биде чист. Ако е моментот многу смешен, снимајте со фотоапарат или камера.
-
Играјте надвор
Особено со малите деца. Запомнете дека децата брзо растат, затоа уживајте сега во игрите во песок, на нишалка, одење, возење велосипед…
-
Прегрнете го детето и кажете му дека го сакате
Секој ден. Нека тоа стане вашата рутина и остане и кога децата ќе пораснат. Толку малку време е потребно за овие важни работи!
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ


















