Август Ландмесер, бил работник во бродоградилиштето Блум во Хамбург, Германија, познат по одбивањето да го изврши нацистичкиот поздрав при заронувањето на бродот за обука Хорст Весел на 13 јуни 1936 година. Поради неговата незаконска врска со еврејка, бил избркан од партија, а потоа и затворен во еден концентрационен. По затворската казна пратен е на фонт каде што во акција бил убиен.
Нацистичката Германија била застрашувачко место. Секој чин на непослушност било придружено со сурово казнување, но еден чин на храброст е издвоен зад кулисите на слепата усогласеност.

Нацистичкиот поздрав партијата го усвоила во триесеттите години на минатиот век. Тој бил обврзан за сите Германци како доказ за почит и лојалност кон фиеферот. Меѓутоа, за време на митингот во 1936 година, во присуство на Хитлер, еден човек одбил да изведе нацистички поздрав.
August Landmesser се приклучил на партијата во 1931. година, полека пробивајќи го својот пат. Меѓутоа, две години по приклучувањето, Landmesser се запознал со Irma Eckler, жена со еврејско потекло во која се заљубил, а во 1935. година ја запросил.
Ништо не можело да се скрие во нацистичка Германија, и наскоро се проширила веста за просидбата. Неговата љубов кон сопругата еврејка го довело до протерување од партијата.
Eckler и Landmesser поднеле брачна пријава во Хамбург, но истата била одбиена по Нирнбершкиот закон со кој се спроведувало исклучување и понатамошно ограничување на еврејските права.
Во октомври 1935. година, заљубениот пар добил девојче по име Ингрид.

Следната година, Landmesser ги скрстил рацете на познатиот митинг од 1936. година. Тој момент е забележан и подоцна станал една од најпознатите фотографии од периодот на нацизмот.
Додека нацистичка Германија станала помоќна, Landmesser сфатил дека мора да избега со семејството, па се обидел да премине во Данска. Сепак, тие биле запрени на границата, и задржани, а Landmesser бил обвинет за “срамење на расата”.
Поради недостаток на докази, случајот бил отфрлен една година подоцна, а на Landmesser му било наредено да ја прекине врската со неговата сакана сопруга.
Бидејќи не сакал да замине, Landmesser повторно му се спротивставил на нацистичкиот режим. Ова довело до негово апсење 1938 година и тригодишна затворска казна што ја служел во нацистички концентрационен логор.

August Landmesser никогаш повеќе не го видел своето семејство.
Irma Eckler, која во тоа време била бремена, уапсена е и пренесена во концентрационен логор од тајната полиција. Во логорот Eckler ја родила Ирена, а веднаш потоа била пренесена во еден од нацистичките логори на смртта, каде што била убиена со уште 14.000 луѓе.
Landmesser работел на неколку работни места откако ја отслужил затворска казна, пред да биде принуден да се приклучи на армијата во 1944 година.
Еден месец подоцна, Landmesser бил прогласен за исчезнат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















