Зошто ја растураме енергијата на неважни нешта?

272

Недостатокот на концентрација често е причина заради која не ги остваруваме своите цели и идеи.

Зошто ја растураме енергијата на неважни нешта?

Начинот на кој го насочуваме нашето внимание го одредува нашиот личен магнетизам. Веројатно сте забележале дека некои луѓе едноставно “зрачат”. Нивниот начин на размислување, самодовербата, верување во реализацијата на сопствените идеи, го обликува изразот на лицето и ја одредува позицијата на телото. Ова зрачење, магнетизмот, е како пророштвото кое се самореализира. Оние кои успеваат во животот, во просек, не се попаметни или поталентирани од оние кои не успеваат. Она по што се разликуваат од многумина е насоченоста и способноста за концентрација.

Ако не развиваме свесност за своите внатрешни состојби, низ животот нѐ водат емоции и себични желби. Таквата вознемирувачка состојба го попречува протокот на мислата и акциите се чинат хаотични. Некој кој во еден миг би читал некоја книга, во друг момент би јадел, а во трет би излегол на кафе, ништо нема да прави со задоволство – фокусирано, концентрирано, присутно. Причините за таков ментален неред често се од емоционална природа.

Потиснатиот бес, тага, сексуалната желба, ниско самопочитување, проблематичните семејни односи се причините кои го попречуваат протокот на мислата. И ако ние не сме во состојба да се фокусираме на цел или идеја, да започнеме да размислуваме за себеси како за личност со слаб карактер која не е во можност да го води сопствениот живот, тогаш на другите им дава простор да водат и да донесуваат одлуки за нас.

Продолжува на страна 2