Петгодишното момче било само дома, но тој забавувајќи се себе си, за родителите подготвил сцена за плачење.
Кинеската двојка била затечена со сцената што ја нашле во својата куќа. На детето ништо не му се случило, но она што направил ги остави во чудо.
Имено, детето ги пронашол скриените пари на своите родители и во желба да се забави себеси, ги кинел банкнотите една по една. Од 50.000 јуани, заем од банката, направил обичен куп од хартија.
Таткото го пријавил случајот во банката, барајќи парите да му се заменат, што не било можно. Сепак, од банката му кажале дека ќе му излезат во пресрет ако ги залепи банкнотите.
Несреќниот татко се обидувал да ги состави парчињата, но по два дена спојување се откажал, бидејќи деловите биле премногу мали за да се знае каде на кое место припаѓаат.