Собни растенија кои го чистат воздухот

1307
Formaldehyde

Кога домот не се проветрува често, како што е случај во зимно време, свежиот воздух, ќе ви го обезбедат доброто распоредени растенија.

Зимските денови ќе го исполнат воздухот во просториите во кои престојувате со разни штетни супстанции, бидејќи во оваа годишно време ретко квалитетно проветруваме.

За да не ги почувствувате последиците, меѓународната иницијатива Растенија за луѓето направила листа од најкорисните собни растенија, кои ќе го филтрираат и ќе го освежуваат воздухот, ќе го исполнат просторот со повеќе кислород и ќе ги отстранат штетните материи.

Да го земеме за пример растението наречено Palma areca, кое ќе нарасне до 1,5 метри во височина, што го прави добро собно растение, а ќе произведува доволно кислород за една личност. Се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на воздухот.

Palma areca

Sansevieria е растение кое треба да го имате во спална соба, бидејќи нејзината специјалност е да го претвора јаглерод диоксидот во кислород, додека ѓаволскиот бршлен (Scindapsus aureus) најдобро ќе користи во дневна соба или канцеларија, затоа што многу лено го отстранува формалдехидот и другите штетни органски состојки на воздухот.

Sansevieria и Scindapsus aureus

Formaldehyde-от ќе го отстрани ефикасно и зелената кала или планинската палма, која при тоа ќе го навлажни воздухот. Поточно, формалдехидот го има најмногу во дезодорансите и средствата за дезинфекција, па овие растенија можат да се чуваат и во бањата.

Formaldehyde

Канцелариите и просториите за работа се идеални за spatifilium кој ги апсорбира токсините од синтетичките материјали или бои, а бидејќи го неутрализира зрачењето од електронската опрема, поставете го во близина на телевизорот или компјутерот.

Spatifilium

На крајот, засадете и гербери во саксија, со оглед на тоа дека го отстрануваат бензенот од воздухот, кој можеме да го најдеме во боите, лаковите, инсектицидите и детергентите, па одлично ќе го исчисти воздухот и ќе го наполнат со кислород во текот на ноќта, апсорбирајќи го при тоа вишокот на јаглерод диоксидот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.