Табу теми | За аналниот секс, мастурбацијата и порно филмовите со лезбејки

784

Експертите одговараат на пет прашања за сексот кои жените не се осмелуваат да ги постават затоа што премногу се срамат.

Има многу прашања поврзани со сексот кои некои жени никогаш не се осмелиле да ги постават, бидејќи им било премногу срамно.

Темите поврзани за мастурбацијата, неочекуваните звуци и нивните партнери кои глумат оргазам можат да бидат интересни за дискусија, затоа сексуалните експерти за Women’s Health одлучиле да појаснат пет прашања кои се често погрешно разбрани.

1. Дали е нормално мојот партнер да глуми оргазам?

Да.

Толку сме запнале на фактот дека само жените глумат оргазам па се заборава дека и мажите понекогаш го прават тоа. Но, тоа може да ги загрижи жените кои мислат дека тие направиле нешто погрешно.

А, всушност, голем број мажи признаваат дека понекогаш глумат оргазам. Истражувањето спроведено во 2016 година од списанието Sexual and Relationship Therapy покажало дека 30 проценти од мажите од Северна Америка еднаш одглумиле оргазам.

Нивните причини се, вели д-р. Kat van Kirk, слични како и женските.
– Способноста да се доживее оргазам може да биде поврзана со алкохолот, заморот, стресот, но и некои лекови – вели тој.

Сепак, тоа не значи дека самиот секс не бил добар.

– Патувањето може да биде исто така добро како и самиот крај, но ако проблемот продолжи, можеби и двајцата ќе треба да прозборат и откријат што им треба за да го постигнат врвот – советува Van Kirk.

Продолжува на страна 2