Табу теми | За аналниот секс, мастурбацијата и порно филмовите со лезбејки

3777

4. Дали е нормално да се мастурбира пет пати неделно?

Да.

Жените најчесто мастурбираат помалку од мажите, но тоа не значи дека самозадоволувањето е нездраво.

Истражувањето спроведено од универзитетот Индијана во 2009 година покажало дека само три отсто од жените мастурбираат повеќе од четири пати неделно (17 проценти од мажите исто така).

Имено, мастурбацијата го зголемува расположението и ги зајакнува вагиналните мускули.

– Жените мастурбираат и од различни причини – да почувствуваат сексуално задоволство, да ослободат стрес, полесно да заспијат … Додека не создава проблем во врската, уживајте – советува д-р Kelly Suschinsky.

5. Дали е нормално дека сум хетеросексуалка, но кога станува збор за порнографија, се палам кога гледам две девојки во акција?

Да.

Истражувањето покажало дека порнографијата која ја гледаме нема никаква врска со тајните страсти кај жените, додека кај мажите е спротивното – нив ги возбудува она што одговара на нивната сексуална ориентација.

Со други зборови, жените подеднакво ги “пали” ако гледаат хетеросексуален како и хомосексуален секс, без оглед на нивната сексуалност.

Всушност, истражувањето покажало дека жените кои ги привлекуваат мажи, како и жените кои ги привлекуваат други жени, претпочитаат да гледаат снимки кои покажуваат само сексуални игри меѓу жените – се истакнува во истражувањето.