Вашиот месец на раѓање ги открива фасцинантните тајни за вашата личност

210

Ова не е уште еден од оние вообичаени хороскопи – се разликува од сето она што досега сте виделе и прочитале …

Овој тест точно ја опишува вашата личност – од најситните детали сè до омилените десерти. Се надеваме дека и неговото предвидување за иднината ќе биде точно како и описот на вашите карактеристики.

Во кој месец Вие сте родени?

Јануари

Ако сте родени во јануари, вие сте топла, грижлива личност која со задоволство би ја симнала и кошулата од себе со цел да им ја дадете на оние кои имаат потреба од неа. Бидејќи сте родени во првиот месец, вие сте природен лидер. Луѓето секогаш можат да се потпрат на вас во моменти на хаос и катастрофа. Вие сте остров во бура.

Вие сте внимателни, детални и информирани. Ја цените искреноста и добрината. Повеќе сакате удобност од отменсост. Сакате да сакате и најсреќни сте кога ќе научите нешто ново.

Поминавте низ тежок период, но мирен период е пред вас. Наскоро ќе се решат финансиските проблеми. Научете нешто од овој тежок период, а потоа оставаете го зад вас. Опуштете се и вистински уживајте во новото поглавје од својот живот.

Февруари

Ако сте родени во февруари, вие сте забавни и мили, се грижите и цврсто стоите на земја. Сакате да се смеете, да ширите радост и секогаш го наоѓате најдоброто во луѓето. Ја цените лојалност и посветеноста, и со тоа се обидувате никогаш да не ги разочарате другите луѓе. Кога ќе дадете ветување, се обидувате и да го задржите.

Секогаш давате 100%, без оглед на тоа дали задачата е голема или мала.
Затоа, луѓето имаат доверба во вас. Вие сте љубезни, полни со почит и сакате да давате. Уживате во дружење со луѓе, но сакате да поминувате време и сами со себе.

Почитувате чистота и ред.

Ви доаѓа ново искуство во пресрет, искуство кое ќе ви донесе позитивен предизвик и ќе ве поттикне да го преиспитате досегашниот начин на живот. Ќе го откриете својот скриен и сосема неочекуван таленти – во кој на свое изненадување навистина ќе уживате. Никогаш не е премногу доцна за раст и за промена. Прифатете го тоа.

Март

Ако сте родени во март, вие сте страсна, креативна личност, со чувство за драма. Храбри сте и полни со живот. Уживате во нови и возбудливи нешта – без разлика дали станува збор за храна, место или забава. Го следите срцето и секогаш мислите на она што го кажувате.

Можете да бидете многу заштитнички кога станува збор за вашиот личен живот, но кога ќе се отворите пред некого, вие навистина процветувате. Уживате да престојувате на отворено, лесно се поврзувате со природата и со светот околу вас. Вие сте горди на себе и на својата работа и одлични сте во извршуваање на повеќе работи наеднаш.

Постои голема можност да се борите со нешто многу лично – со нешто што не сте го поделиле со никого – но дојде време тоа да го ослободите. Отворете се. Споделете го тоа со некого. Тие ќе имаат одговор кој сте го барале. Не можете секогаш да правите сé сами.

Април

Ако сте априлско дете, вие сте оптимистична, духовита личност, човек со срце од злато. Сакате дарувања и планирате изненадувања за луѓето што ги сакате и ништо не ве прави посреќна од кога ќе видите како другите се среќни. Ја подигате атмосферата каде и да се појавите, и секогаш оставате впечаток пред да си одите.

Цените труд и морал, а можете да бидете прилично страсни кога навистина верувате во нешто. Вие сте некој на кого луѓето можат да се потпрат. Весели сте и љубезни и секогаш ги ставате на прво место другите луѓе.

Можеби се чувствувате како постојано да имате лоша среќа – но тоа ќе се промени. Можеби не го знаете тоа уште, но неодамна сте сретнале некој кој ќе ви отвори прозорец на можности во вашиот живот – но на вас останува да го прифатите тоа! Не двоумете се.

Продолжува на страна 2