Епохално откритие за паразитските црви | Објавени информации кои ќе помогнат во борбата против многу тропски болести

91

СТРУКТУРА НА ГЕНОТ

До сега, најголема студија за генетската структура на паразитските црви открила многу нови индиции за тоа како овие животни го напаѓаат човечкото тело, вешто при тоа избегнувајќи го неговиот имунолошки систем и предизвикувајќи разни болести.

Резултатите од истражувањето укажуваат на потенцијалните нови начини на “чистење” на телото од паразити кои треба да придонесат во борбата против некои од најзапоставените тропски болести.

Меѓу нив се речното слепило (onchocerciasis) предизвикано од паразитот Onchocerca volvulus, еден вид на црви од родот Schistosomosa и инфекција од ларвата Ancylostoma, паразит, познат под името “рударск црв”, некогаш присутни меѓу рударските семејства кои во нехигиенски услови работеле во рудниците. Од заразата со рударските црви во светот денес страда околу една милијарда луѓе, а присутна е во помалку развиените медитерански земји, Азија и Африка.

Ancylostoma duodenale

Престојот на овој паразит во белите дробови се манифестира со кашлица и треска. Во цревата предизвикува силна болка, дијареа и губење на тежината, а кај децата овој паразит е одговорен и за проблеми со срцето, бавен раст и развој и менталната ретардација.

Игнорираните тропски болести, исто така познати како NTD, се најзастапени во Африка, Латинска Америка и Југоисточна Азија. Светската здравствена организација забележала 17 занемарени тропски болести, а со десет од нив интензивно се борат во последните десет години.

Македонка Митрева

“Паразитските црви се меѓу најстарите човечки непријатели и во текот на милиони години еволуирале до тој степен што станале “професионални манипулатори” на човечкиот имунолошки систем”, рече Македонка Митрева од McDonnell Genome Institute кој дејствува при Универзитетот во Вашингтон.

Митрева е ко-автор на истражувањето кое го вршела со колегите од британскиот Институт Wellcome Sanger и од Универзитетот во Единбург.

Научникот верува дека резултатите од оваа студија ќе придонесат за подобро разбирање на биологијата на паразитите и подобро разбирање на начинот на кој човечкиот имунолошки систем може да се “воздржи” или да го држи под контрола.

Инфекциите од паразитските црви можат незабележано да траат со години и да предизвикаат остра болка во телото, инвалидитет, забавен развој на децата и да влијаат на развојот на општествената стигма поврзана со деформитетот.

Постоечките лекови кои се користат за лекување на паразитски црви, вклучувајќи ги и оние кои се произведени од страна на големите фармацевтски компании, како што се Sanofi (француска мултинационална фармацевтска компанија), GSK и Johnson&Johnson често се умерено ефикасни. Производителите на лекови често ги донираат или продаваат по намалени цени. Но, спектарот на лекови за третман на заразата со паразитски црви сѐ уште е доста ограничен.

Обидувајќи се да го подобрат и потенцијалниот извор на лекови и да се разбере како црвите го напаѓаат организмот и како успеваат да живеат во луѓето и животните, тимот од научници ги споредил геномите на 81 вид црви, межу кои спаѓаат метилите и тениите, вклучувајќи и други 45 видови на паразитски црви чиј геноми никогаш порано не се секвенционирани.

Анализата откри речиси еден милион нови и претходно непознати гени, кои припаѓаат на илјадници нови генски семејства и се на трага на многу нови лекови.

Avril Coghlan

“Ние се фокусиравме на проучувањето на постоечките лекови”, објаснува Avril Coghlan од Институтот Sanger која соработувала со тимот на научници. Таа рече дека овој пристап го отвора патот кон “побрзо и попрецизно утврдување на ефективноста на постоечките лекови кои можат да се пренаменат во процесот на отстранување на паразитите.”

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Genetics.