Bayer на суд поради производ што тотално уништил илјадници жени 

937

Апчињата за контрацепција содржат контроверзни хормони, а тоа и чини пари. Спиралата е подобра, особено онаа на германски Bayer, мислеле многу Бразилки. Но, спиралата Essure им го оштетила здравјето. Случајот сега е на суд.

Monica е една од многуте Бразилки кои се одлучиле за спирала за заштита од несакана бременост, онаа на познатиот германски производител Bayer, пишува Deutsche Welle.

Причината е јасна: таа веќе имала четири деца, петтото би било премногу. Таблетите се всушност скапи, бидејќи треба редовно да се пијат, спиралата во нејзиниот случај е идеален избор. Покрај тоа, спиралите нормално треба да се менуваат на неколку години, постапката е далеку од удобна. Но, оваа германската, Essure спирала може да остане вградена на неограничено.

Овој производ на Bayer изгледа како висока технологија: тенка пружина долга околу четири сантиметри изработена од легура на никел и титаниум, нерѓосувачки челик, PET влакна, платина, сребро и цинк. Таа спирала не е во палетата на препаратите на бразилското државно здравствено осигурување SUS, но е набавена од некои федерални држави во Бразил и ставена на располагање на локалните јавни здравствени институции.

“Значи, што ми е одеднаш?”

Така Monica ја добила својата спирала во 2015 година во болница во Сао Паоло: самото поставување на спиралата во каналите на јајниците е релативно лесно, бидејќи не е потребна операција. Таа е убедена дека сѐ е решено на најдобар можен начин – и всушност не ги поврза првите првите тешкотии со спиралата што ја носи во себе.

Едвај еден месец подоцна, таа почнала да има главоболки. Исто така, почувствувала болка во колковите, долниот дел на грбот и нозете. И не само тоа, нешто очигледно, почнало да се случува и со нејзините хормони: изненадена е од тоа што толку многу и паѓала косата, од каде ѝ се флеките на нејзината кожа … Се разбира, депресијата веќе самата доаѓа поради тоа.

Таа сѐ уште е во сомнеж, но кога две години подоцна, во 2017 година, слушнала дека бразилската служба за лекови ја „проверува“ дозволата за користење на оваа спирала на Bayer, сѐ и станало јасно. „Открив дека овој уред го труе моето тело со никел и дека моите тешкотии можат да се решат само со хируршко отстранување на целата матка“, ни кажува Monica.

Многу придружници во оваа несреќа

Нејзе и е јасно дека мора да направи нешто, па истата година се оперира, но не можела да сфати што ѝ се случува: „Едноставно, не сакав да имам повеќе деца, но пред да се свртам влегов во најголемата несреќа во мојот живот“. Дури и денес, на 43 години, страда од хронични болки.

Штом дозна дека нејзината татковина повторно ја „проверува“ таа спирала, седнала на компјутер и започнала да истражува: веќе имало илјадници поплаки од жени во Соединетите држави кои страдале од последиците од таа спирала. Таа отвори и своја веб -страница и ги покани Бразилките кои доживеале слична судбина да ја контактираат.

Некои жени имале сериозни последици

Има многу несреќници со проблеми од сите видови: повреди на матката и јајниците, внатрешно крварење, спирали што се лизнале на погрешно место и бремености што се случиле надвор од матката. Потоа, алергиски реакции, слабост и несвестица и тешка ментална вознемиреност, сѐ до самоубиствени мисли.

На суд – и тоа во Германија

Во Соединетите држави, оваа спирала на Bayer е особено популарна, при што американската администрација за надзор на лекови FDA примила речиси 64.000 поплаки за тешки несакани ефекти и компликации. На упатството во Бразил пишува дека компликациите се „можни“ во 0,05% од случаите – реалноста изгледа сосема поинаку. Како што е можно во САД, поднесена е колективна тужба и таму Bayer веќе плати милијарди отштета за околу 90% од речиси 39.000 несреќнички што го тужат германскиот производител.

Monica собрала 334 Бразилки со кои поднела тужба. Тие знаеле дека пред судот во Бразил нема многу смисла: дури и ако случајот го добие судија кој нема да го земе предвид моќниот германски концерн – и на неговите влијателни пријатели во самиот Бразил, ќе бидат потребни години. Затоа се обратиле до адвокатската фирма PGMBM, која има меѓународни контакти, бидејќи поднеле тужба пред судот каде што се наоѓа седиштето на Bayer, во Leverkusen, Германија.

Дали нашето здравје е помалку вредно?

Ова не е вообичаено бидејќи меѓународните концерни обично работат преку локални, релативно независни гранки – но тоа е можно. Тие бараат ист надомест што го добиле повредените жени во САД: зошто здравјето на една Американка би било повредно за Bayer отколку здравјето на Бразилките? Севкупно, станува збор за отштета од околу 30 милиони евра што жртвите од Бразил ги бараат од Bayer.

PGMBM добро ги подготвил материјалите за својот германски партнер, адвокатската канцеларија на Manner Spangenberger: откриено е дека има околу 8.000 жени во Бразил кои добиле Essure спирала – и овие 334 случаи на тешки последици дефинитивно сведочат дека Bayer не создал безбеден производ. Всушност, во Германија едвај имало жени кои ја сакаат таа спирала – таблетите и онака се далеку попопуларни.

Баер „проверува“

Германскиот адвокат испратил писмо до Bayer барајќи изјава и евентуална понуда да се заврши случајот без суд. Нема одговор до последниот ден од рокот што го поставил Spangenberger. На 6 август добил писмо во кое се наведува дека Bayer ќе ги „провери фактите“ и ќе се јави во „разумен рок“. Звучи како клевета, но германскиот адвокат го знае вокабуларот на правните одделенија за германските концерни: многу значи што не напишале дека тоа воопшто не ги засега, но тоа е прашање на филијалата во Бразил. Ова значи дека барем размислуваат дали се подготвени да се појават пред германски суд.

Но, нема простор за прекумерен оптимизам: Bayer изразува „голема сочувство за сите кои имале здравствени проблеми додека користеле еден од нашите производи, без оглед на причината“, но останува сигурен во безбедноста и ефикасноста на спиралата Essure „потврдена од Опсежно истражување на Bayer и независните медицински истражувачи со учество на над 270.000 жени во изминатите две децении“.

Сепак, Bayer очигледно не е толку сигурен: спиралата Essure е повлечена од продажба и повеќе не се користи никаде. Како што тврди германскиот концерн; само поради „слабата побарувачка“. Но, илјадници други жени низ целиот свет сѐ уште ја имаат таа спирала во себе.