НЕ ЧЕКА ПЕКОЛ | Покрај глобалното затоплување, се враќа El Niño

1070

Првите прогнози сугерираат дека El Niño ќе се врати во текот на 2023 година, а на северната хемисфера на земјата ќе ги почувствуваме последиците во 2024 година.

Враќањето на климатскиот феномен El Niño оваа година ќе предизвика нагло зголемување на глобалните температури и ќе доведе до невидени топлотни бранови, предупредуваат научниците.

Првите прогнози сугерираат дека El Niño ќе се врати во текот на 2023 година, влошувајќи ги и онака екстремните временски услови ширум светот и со што е многу веројатно дека светот ќе надмине 1,5 степени Целзиусови затоплување над прединдустриските нивоа. Најжешката година во збележаната историја – 2016 година – беше поттикната од големиот El Niño, пишува The Guardian.

Природна осцилација

Тоа е дел од природната осцилација предизвикана од температурата на океаните и ветровите во Тихиот океан, која се движи помеѓу El Niño, неговиот постуден колега La Niña и неутралните услови. Во последните три години е забележана необична серија на ефекти на La Niña.

Оваа година веќе се предвидува дека ќе биде потопла од 2022 година, која глобалните збирки на податоци се рангирани како петта или шеста најтопла година досега.

Но, El Niño се појавува за време на зимата на северната хемисфера и потребни се неколку месеци за да се почувствува неговиот ефект на затоплување, што значи дека 2024 година е поверојатно да постави нов глобален температурен рекорд.

El Niño ќе не турка преку работ

Стакленичките гасовите што се испуштаат од човечките активности ја зголемија просечната глобална температура за околу 1,2 степени до денес. Ова веќе доведе до катастрофални ефекти ширум светот, од огромни топлотни бранови во САД и Европа до разорни поплави во Пакистан и Нигерија, при што загинаа милиони луѓе.

„Многу е веројатно дека следниот голем El Niño би можел да не однесе над 1,5 степен. Веројатноста првата година во следниот петгодишен период да биде на 1,5 степени сега е околу 50:50“, рече професорот Adam Scaife, шеф на долгорочните прогнози во Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство и продолжи: „Знаеме дека влијанијата на El Niño ќе станат посилни и тоа треба да се додаде на ефектите од самите климатски промени кои постојано се зголемуваат. Ако ги споиме овие две работи, веројатно ќе имаме невидени топлотни бранови за време на следниот El Niño“.

Иако е јасно дека El Niño ќе ги зголеми екстремните временски услови, научниците сè уште дебатираат за степенот на влошување.

Професорот Bill McGuire од University Collegea во Лондон вели: „Кога ќе пристигне El Niño, екстремните временски услови во 2021 и 2022 година ќе станат безначајни“.

Професорот Tim Palmer од Универзитетот во Оксфорд ќе рече: „Корелацијата помеѓу екстремните временски услови и глобалната просечна температура не е толку силна, но термодинамичките ефекти од климатските промени ќе ги направат аномалиите на El Niño поекстремни“.