Генијални трикови кои секоја жена треба да ги знае | 18 решенија за спас на облеката и чевлите!

459

Како да се спасат облеката и чевлите, како да се отстранат понатамошното уништување, тешките дамки, лошата миризба и да им се врати назад оригиналниот сјај?

Во продолжение се дадени идеи кои никогаш не би ви паднале на ум.

1. Ако не сакате да имате “наелектризиран“ џемпер, ставете го во фрижидер некое време. Ова е особено се однесува на вашите омилени џемпери кои се од кашмир и ангорска волна.

2. Истото можете да го направите и со фармерките, во колку сакате да се отстрани лошиот мирис. Спакувајте ги во пластична фолија/кеса, ставете ги во фрижидер кој ќе ја отстрани миризбата и ќе ги елиминира бактериите кои ја предизвикуваат. На овој начин ќе го намалите машинското перење и брзото белење на фармерките. Перете ги со ладна вода што поретко, освен ако не се со повеќе еластин.

3. Дамките можат да се отстранат со сок од лимон или сода бикарбона. Само втријте ја мешавината од сок од лимон и вода на самото место со дамка. За повеќе сериозни дамки, користете сода и вода, која ќе ја оставите неколку минути на валканите области, па дури потоа потопете или ставете ги во машината за перење.

4. Дамките од дезодорансите на вашата маица или кошула можете да го исчистите ако ги истриете со фармерки. Буквално, земете ја ногавицата од фармерките, и избришете!

5. Ако немате време да ја перете вашата омилена маица, местото каде што се чувствува непријатна миризба испркајте го со вотка. Ќе ви биде потребен спреј да не ја натопите, а алкохолот ќе ја елиминира миризабата.

6. Дамките од пудра отстранете ги со крема за бричење. Ако ви се случи при отстранувањето да ја закачите блузата или крагната, тоа место намачкајте го крема за бричење пред да ја ставите во машината за перење.

7. Со лак за коса отстранете ги дамките од карминот. Ширењете ја маицата, блузата, фустанот, боло кое парче облека и попрскајте го место со лак. Нека отстои неколку минути додека ткаенината не го апсорбира лакор, а потоа уфрете ја во машината за перење алишта.

Продолжува на страна 2