8. Прицврстете ја рачката за очила со лак за нокти. Во колку рамката ви е лабава и на работ е да пукне, а немате при рака лепак, привремено решение може да биде лакот за нокти со кој можете да ја прицврстите рачката.
9. Истото важи и за копче кое почнало да олабавува. Со лак спречете да не се отшие во целост.
10. Отсранете ги дамките од дожд и кал на чевлите со турпијата за нокти.
11. Дамките од чизмите и чевлите можат да се отстранат со помош на оцет и четка за заби, ако немате средство за чистење. Натопете ја четката во оцет и полека тријте.
12. Ако некаде случајно сте ги скинале или изгребале чевлите, сокријте го тој детал со вашата омилена крема за лице.
13. Со сода бикарбона отстранете го непријатниот мирис и пот во вашите чевли.
14. Со средството за чистење стакло може да ги светнете вашите чевли.
15. Ако сте го скинале градникот, точно на она место каде што е жицата, што може да ја иритира кожата, залепете фластер и така затворете ја дупката.
16. Дамките од црвено вино, можат да се отстранат со бело вино. Само прелијте го валканото место со бело вино, оставете да се одстои малку пред парчето ткаенина да го ставите во машина за перење алишта.
17. Запрете го кинењето на хулахопките и чорапите со лакот за нокти.
18. Не ви работи патентот? Еве решение! Земете стапчиња за уши и натопете ги во малку вазелин или во некој друг високо мастен препарат и по работ поминете неколку пати.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















