José на 4. март бил на лекар поради силна кашлица, па му препишале антибиотици и го пуштиле дома.
Двајца сопружници од Шпанија кои заедно преживеаја 65 години, отпуштени се заедно од една од мадридските клиники откако и двајцата успеаја да се излечат од Ковид – 19, пишува Radio Mitre.
Како што наведува весникот, José Prieto Cerrudo и Guadalupe Matas Hernández се венчале во 1955 година и имаат седум ќерки.
José на 4. март бил на лекар поради силна кашлица, па му препишале антибиотици и го пуштиле дома.
На 8. март семејно ја прославиле 65 годишнина од венчавката, а веќе следниот ден José е примен во болница Cruz Roja во Madrid. поради висока температура и силни главоболки. Тестот за коронавирус бил позитивен.
По неколку дена и неговата сопруга добила слични симптоми, па и таа е упатена во истата болнциа. И покрај правилата дека пациентите мора да бидат во одвоени соби, на оваа брачна двојка им е дозволено да бидат заедно.
Дури и кога Guadalupe се опоравила и можела да биде отпуштена, таа одбила изјавувајќи дека нема да отиде од таму без мажот.
На 30 март и двајцата конечно можеа да ја напуштат болницата и да се вратат дома.