Ние можеме да им пренесеме коронавирус на мачките, а дали можат и тие на нас?

312

По веста дека тигар во зоолошка градина во Њујорк е позитивен на коронавирус, први симптоми на болеста почнале да покажуваат уште шест тигри и лавови, со кои „нулти“ тигарот бил во контакт, пренесува CNN.

Пред неколку недели се појави вест дека жена од Белгија, која е позитивна на коронавирус, ја заразила својата домашна мачка. Меѓутоа, иако мачката имала респираторни проблеми и вирусот е пронајден во нејзиниот измет, истражувачите уште не се сигурни дали мачката е болна од Ковид-19 или од некоја друга болест.

Што откриваат тие случаи?

Се чини дека иако луѓето можат да им пренесат коронавирус на мачките, стручњаците се согласуваат дека постои мала веројатност да добиете Ковид-19 од нив.

„Суштината е дека не постои доказ дека некоја мачка може да го пренесе вирусот на луѓето“, рекла Сара Кади, ветеринар и истражувач од Универзитетот во Кембриџ.

Кен Смит, професор по патологија од Кралскиот ветеринарен колеџ-универзитет во Лондон, вели дека нема докази дека мачките кои по природен пат се зарзаени со коронавирус, можат да исфрлат од себе доволно голема количина од вирусот за да ги заразат другите мачки или луѓето.

„Поедини случаи на пренос на вирусот од човек на животно, во никој случај не го намалуваат фактот дека коронавирусот се шири од човек на човек“, заклучува Смит.

Но додека не се дознае повеќе за коронавирусот, стручњаците прелагаат сите луѓе на кои им е дијагностициран Ковид-19, да го намалат контактот со својата мачка за да ја избегнат шансата да го заразат својот љубимец, иако таа е многу мала.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.