Свекрвата заборавила дека и таа некогаш била снаа

201

Мојка ми им е добра на сите, но дваесет и пет години во брак не биле доволни за да ја задоволи свекрвата и да ги исполни високи стандарди на баба ми во кулинарството.

Баба ми не е злонамерна кога вели дека мајк ми не знае како да направи пита, но да, кога дава рецепт, па како змија да е, ги крие домаќинските тајни со шифри “малку шеќер”,”зрно сол”и “трошка бибер.”

Мајка ми е од светот на природните науки – или имаш мерна единица или пушти ја на крајот. Но, бадијала, осудата на баба ми за умешноста на мајка ми одамна ниту Бога не го прашува.

Ниту новиот новцат тепих не ја омекна неконструктивната критика. Прости ѝ мамо за сè, затоа што, на крајот на денот, таа е мајка на саканиот човек.

Ќе да е да заборавила дека и таа некогаш била снаа.

Всушност и заборавот на емпатијата од кујната на баба ми не е ексклузива на свекрвата. Овие денови, тоа е нешто како општа карактеристика на човештвото. Да, нема фајда од генерализација, бидејќи секој знае дека само генералите можат да се генерализираат, но додека пред очите ми се снима 8000. епизода на шпанска серија на индиската продукција “Мадре, на падре никогаш нема да му готвиш како неговата мадре, затоа што мадре нема да ти дозволи да го заземеш местото на престолот,” мислам дека емпатијата, како основно разбирање на човекот во себе и другите, всушност заскитала во шпанско село.

Свекрвата на мајка ми не е лоша, но постојано заборава дека тогаш ниту таа не знаела каде со кутлачата.

Во едно тенџере, природна работа е да не се грижиме многу за магарињата на друиот човек, бидејќи секој човек има доволно од својата тежина на магарето од животот. Секој човек јава, и токму така повеќе или помалку на сите им одговара. Сепак, во грмушката постои еден зајак – оваа втората кутлача.

Ако емпатијата е витално човечна, вистински хумана, а ние ја отстрануваме или зачинуваме со трошка бибер и сол, што е тогаш човекот отколку животното желно за јадење и пиење? Да, не може еден да дише и да ја живее целата болка на светот и векот, но може еден да не заборави дека, да се биде човек не е суштински дадена работа.

Да се биде човек е избор.

  • Избор кој почнува со мали подароци на потесното семејство и на пошироката околина.
  • Избор кој би требало да се практикува, како и во кујната, така и во јавниот градски превоз.
  • Избор, кој како и секој друг, знае од главата да се удри, но, во крајна линија, ја чува душата од пропаст.
  • Да се биде човек не е лесно, затоа што, претпоставувам, овој избор и не го прави секој.

P.S.

Авторот на текстот се дистанцира од непријателски, и воопшто неемпатичен коментар дека родената баба и драгата ѝ мајка ги прогласила за нечовечни. Баба ми е човек пар екселанс, но се заборава, кога тенџерињата и капаците се на масата. Бабо, јас те сакам, но "зера" не е мерка и не се мери повеќе од око низ трпезаријата на животот.

И да, имај емпатија, но, дај подготви ги за нас оние твоите крофни.