Дали е подобро бебињата да цицаат прст или цуцла? Германските научници тврдат дека имаат одговор

109

Некои сосема мали деца повремено може да ги успокои само цуцла лажалка и родителите заради тоа не би требало да се грижат, пишува во најновото издание на германскиот весник за семејното здравје „Junge Familie“.

Германските научници тврдат дека модерните анатомски дизајнирани цуцли се многу подобри за детската вилица од прстот. Имено, цицањето на палецот може да влијае на развојот на забите на бебето. Ортодонтската аномалија позната е и како “отворен загриз”.

Покрај важноста на анатомската форма во изборот на цуцлата, родителите треба да се предупредат да избегнуваат да ги ставаат во засладени сокови или храна за да се спречи појавата на кариес на млечните заби.

Тие не треба да им ја ускратуваат цуцлата на децата до тригодишна возраст, но потоа навиката треба да се запре, но постепено и при тоа да му се помогне на детето.

Со наполнети три години, детето веќе сосема добро зборува, ужива во дружењето со врсниците, па во занесот на играта со часови може да заборави на цуцлата. Ако е тажно, наместо да почне да си го цица палецот или цуцлата, своите чувства ќе ги изрази со зборови, а тоа значи дека цуцлата повеќе не мора да му биде најдобра тешителка.

Во некои земји низ светот, децата при одвикнувањето, ја ставаат цуцлата на специјално дизајнирано дрво. И добрата вила може да помогне, ако детето кое ја отфрлило цуцлата биде наградено со мал подарок.

Присилувањето на детето да престане одеднаш да ја користи цуцлата не е паметен потег. Исто така, може да биде контрапродуктивно, велат германските експерти. Тригодишниците, на пример, можат да бидат без цуцла цел ден, но пред спиење или во некои посебни прилики таа сèуште ќе им треба и тоа не треба да им биде ускратено.