5 причини зошто мажите ги мамат жените кои ги сакаат

2104

“Тој ме сака и никогаш не би ме измамил”, е реченица која жените често ја изговараат. Сепак, мажите знаат да ја измамат и жената што ја сакаат, а еве зошто тоа најчесто го прават.

Незрели се.

Ако мажот нема искуство со трајни врски и досега бил само во површни љубовни врски, не е ниту свесен дека прељубата ќе има неизбежно болни последици. Незрелите мажи моногамијата не ја доживуваат сериозно туку ѝ пристапуваат како на нешто на што можат или не мораат да се придржуваат, во зависност од околностите.

Не се среќни во врската, но не сакаат да иницираат раскинување.

Многу жени ќе потврдат дека тоа што го сакате партнерот, всушност, и не е единствен предуслов за среќна врска. Многу парови ја прекинувале нивната љубовна врска, без оглед на тоа што се сакале, но карактерно едноставно не си одговарале еден на друг. Кога мажите ќе се “фатат” во таква врска, обично не сакаат отворено да зборуваат со партнерката за тоа, но генерално немаат храброст ниту да стават крај на врската. Затоа, често се впуштаат во прељуба, бидејќи тие знаат дека партнерката нема да може да премине преку тоа и самата ќе го прекине нивниот однос.

Мора да го нахранат своето его.

Несигурни мажи секогаш очекуваат потврда дека тие се доволно добри, згодни, паметни, способни … Наместо желбата за потврда да ја насочат кон своите партнерки, тие се впуштаат во прељуба и ја бараат од други жени. Во тој момент, се чувствуваат пожелно и вредно, и така го хранат своето его.

Себични се.

Партнерот може да ве сака, но тоа не значи дека сте му приоритет во животот. Во некои случаи, мажот си е на врвот на приоритети и тоа е причината зошто во ситуација во која има можност за афера дури и не размислува за тоа како ќе се чувствува неговата партнерка. Себичните мажи се способни да ги чуваат своите тајни, без каење и жалење, бидејќи тие знаат дека чесноста ќе ги доведе до проблеми кои тие сакаат да ги избегнат по секоја цена.

Проблеми од сериозна природа.

Понекогаш прељубата е резултат на долготрајните проблеми од сериозна природа. Секоја зависност влијае на способноста да се носат рационални одлуки, особено кога станува збор за сексуална зависност која мажот треба да ја третира со помош на експерти.