Овие делови од телото се единствени кај човекот

1615

Кога некој ќе нè праша кој дел од телото ни е единствен, ќе се сетиме за отпечатоците.

Покрај нив има уште неколку делови од телото кои се индивидуални и треба да бидете сигурни дека нема друг човек, кој ги поседува вашите облини и форми.

Уши

Облиците на увото се индивидуални за секој човек. Вие сте единствените во светот кои имаат такви уши и никој друг. Научниците развиле алгоритам, кој може да идентификува лице според увото со 99,6% точност.

Ирис

Обоениот дел на окото се нарекува ирис. Во него пливаат различни точки, црти и линии. Тие се единствени за секој човек. Дури и да ви се чини дека нечии очи личат вашите, секогаш има разлика и тоа ги прави очите уникатни !

Јазик

Отпечатоците од јазикот се неповторливи за даден човек. На прв поглед јазикот ви изгледа сличен на јазикот на друг човек, но не е така. Бројните линии по него се разликуваат. Некои јазици имаат бразди, други се мазни. Боите им се различни. На тоа влијае и здравствената состојба на човекот, но уште со раѓањето секој јазик има свои специфични карактеристики, карактеристични за конкретниот човек.

Продлжува на страна 2