Брз и евтин трик за прочистување на душекот

1492

Едно од највалканите места во домот и спалната соба е душекот.

Честичките на мртвата кожа, прашина, влакна, се причина со текот на времето тој не само да ја загуби својата свежа боја, но и да се здобие со непријатна миризба. Душекот треба да се чисти, исто како секое друго нешто во домот.

Ако немате посебнаправосмукалка која може да чисти текстилни ткаенини или ви е тешко да верувате на фирми, кои би можеле да ја исчистат спалната, следниот трик е за вас. Тој е евтин, брз и со него ќе ја вратите свежината.

Сè што ќе ви треба е сода бикарбона, неколку капки етерично масло по ваш избор и правосмукалка. Во сад ставете неколку лажици сода и кон неа додајте мало количество етерично масло, колку за мирис. Измешајте добро и посипете го душекот.

Во зависност од степенот на валканост на душекот, содата бикарбона треба да дејствува меѓу 15 минути до еден час. Содата ја има способноста да апсорбира влага и непријатен мирис.

Откако ќе помине времето што е потребно, исчистете го темелно душекот со правосмукалка. Ако е потребно направете го овој трик 1-2 пати неделно до целосно освежување на душекот.