Како детето да го научите да работи по дома

613

Дали детето треба од мали нозе да се научи да работи по дома?

Одговорот е да. Не треба да се чека да тропнат на врата тинејџерските години, па да си ја удирате главата кога се по дома ќе најдете расфрлано. Најголемата грешка е наградувањето на детето ако добро ја завршило домашната работа, зошто  тоа треба да го сфати како нешто што треба да го прави.

Треба од мали нозе д а ги научиме децата дека домашните работи не се делат на машки и женски.

Задачите на детето поделете ги во групи и издвојте ги оние за кои треба да научи дека мора да ги прави и кој и нему ќе му бидат од корист. Од мали нозе се учи како да се готви, почнете со кафето, преминете на правење супа и полесни јадења. Помагајте му во работењето за да научи дека секогаш ќе има подршка и ако не умее правилно да го сработи зададеното.

Најпрвин започнете со една работа додека детето не се усоврши. На ѕидот залепете му потсетник, обично на фрижидерот. Ако детето одбива да извршува задачи, поставете се строго.

Оставете ги валканите чинии во мијалникот и бидете одлучни, ако сакаш да јадеш повели измиј ја чинијата. Ова важи доколку детето е поголемо и ќе научи дека не смее да покажува самоволие и дека мама нема секогаш да раскрева по него или да му биде лична слугинка.

Дете од три години може само да си ја средува собата, да ги става играчките на место, а со помош од родителите рано треба да научи дека прашината не му е пријател во собата и научете го да ја чисти. Може да ја поставува масата за јадење и помогнете му да ги крене чиниите по јадењето.

Од пет години детео може само да ја става валканата облека во машината за перење (без да ја уклучува), може да си го намести креветот. Можете веќе да го пратите во продавница, трафика, а оние кои имаат и градина, може да му покажат и како се негува цвеќето или тревата.

Важно е сето тоа да го направите во форма на игра, со музи ка и танцување и за детето тоа стане забавна рутина, а не напор.

Едноставно и преку пример пуштете му ја омилената песна и прашајте го – Дали ќе можеш брзо да избришеш прашина од регалот додека трае песната? За детето тоа е сладок предизвик.

Секоја успешна задача, наградете ја со мало внимание. Кажете му – Денеска толку ми помогна, што од мене ќе добиеш плус десерт.

 Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk