Иако инфекцијата со коронавирус денес стана нормала, прашањето е колку време е потребно луѓето повторно да се заразат.
Високо заразниот вирус SARS-CoV-2 веќе „напаѓал“ во различни мутации, но не можат да се исклучат ниту новите мутации на вирусот во иднина.
Доколку не ги следите упатствата за превенција од инфекција со коронавирус, можна е повторна инфекција со овој вирус. Најефективните превентивни мерки кои можат да го намалат преносот на Covid-19 се носењето маски и честото миење на рацете.
Повторна инфекција со коронавирус
Лицето кое е заразено со коронавирус повеќе од еднаш се вели дека било повторно (реинфицирано) заразено со вирусот.
„Реинфекцијата со вирусот што предизвикува Ковид-19 значи дека лицето било заразено, закрепнато и потоа повторно заразено. По закрепнувањето од Covid-19, повеќето луѓе ќе имаат некаков вид на заштита од повторна инфекција. Сепак, реинфекциите сè уште се случуваат,“ велат од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC).
Колку време е потребно за повторно да се заразите со коронавирус?
Реинекцијата често се поврзува со имунитетот.
Според најновите податоци на CDC добиени од студијата, се покажа дека три месеци по закрепнувањето од болеста, лицето не треба повторно да се тестира, освен ако лицето не покаже симптоми на Covid-19, иако не постои дефинитивен одговор колку време е потребно.
„Повеќето луѓе кои се инфицираат со коронавирусот, без разлика дали имаат симптоми или немаат, произведуваат антитела и клетки кои се борат против вирусот. За оние кои се опоравиле, шансите за повторна инфекција се многу мали во првите три месеци по почетната инфекција“, се наведува во една друга студија.
„Доколку сте имале блага инфекција и немавте многу добар имунолошки одговор и повторно сте изложени на голема количина на вируси, повторната инфекција е дефинитивно можна“, изјави д-р Thomas Russo, професор и шеф за заразни болести на Универзитетот Buffalo во New York.
Можност за реинфекција на вирусот
Поради големиот број на заразени, вирусот е веќе длабоко вкоренет. Кога се изложуваме на луѓе кои се заразени со вирусот и не покажуваат никакви симптоми, тогаш ризикот за реинфекција е најголем
За време на последниот бран, кога населението беше „нападнато“ од омикронската верзија на Covid-19, тогаш најголем дел од инфекциите настанаа токму поради асимптоматски вектори, пишува timesofindia.