ХРАНА која кај мажите го зголемува сексуалниот нагон | Според истражувањата на нутриционистите …

2652

Со преоптеретеност во работата или депресија поради невработеност, причините за намалено либидо можат да се најдат и во прекумерна телесна тежина, прекумерно консумирање алкохол, како и несоодветна исхрана.

На еректилната дисфункцијапозитивно ќе влијае намалувањето на вишокот килограми како и внесот на алкохол, физичката активност, престанокот на пушење итн. Сепак најсигурен начин да се зголеми сексуалната желба и моќ е вашето ментално здравје, па затоа вклучете го креативниот начин за релаксација  во вашиот животен стил.

Оброците треба да бидат целосни и со соодветна доза на минерали како што се цинкот, селенот, витаминот Е, аминокиселините на аргининот и есенцијалните масни киселини за здраво производство на хормоните.

Цинкот е од суштинско значење за синтеза на тестостеронот и го зголемува волуменот на ејакулатот. Остригите се еден од најпознатите афродизијаци во светот, богати со голем процент на цинк.

Аргининот е одговорен за проширување на крвните садови и постигање на ерекција, а ќе го најдете во темното чоколадо, бадемите, сусамот и тиквата.

Со редовното консумирање на растителни масла, јаткасти плодови и семки ќе ја обезбедите потребната концентрација на витаминот Е, кој го зголемува протокот на крвта и сексуалната возбуда.

Покрај овие горе наведени, афродизијачките ефекти можат да се добијат и со консумирање на аспарагус, авокадо, банани, лук, целер …

Познато е уште од античко вереме дека афродизијачки ефект имаат и одредени растенија – мака, гинко, но и разни зачини, како што се циметот, анасонот, ѓумбирот, чилито …