Путин за првпат го покажа својот таен кабинет | ВИДЕО

129

Претседателот на Русија за првпат го покажа својот таен кабинет во првата зграда на Кремљ. Путин не одржува јавни состаноци во тој кабинет, па затоа неговите врати беа затворени за новинарите, пренесува „Спутник“.

За време на интервјуто за програмата „Русија. Кремљ. Путин“ на телевизијата „Русија 1“ направи исклучок од ова правило. Претседателот започна да разговара со новинарите во својата канцеларија, каде обично одржува работни состаноци и состаноци со мал број на учесници. Тој рече дека зад вратата има уште неколку простории.

„Има трпезарија и просторија за одмор. Но, ве предупредувам, ништо не подготвував, така што таму владее… работна атмосфера“, рече шефот на државата. „Веројатно сте први тука“, им рече Путин на новинарите, покажувајќи го својот кабинет.

Детските цртежи и подароци упатени до претседателот беа поставени веднаш до бирото на претседателот; на ѕидот на кабинетот – портрет на Петар Врви. Внатрешноста на просторијата е со светли бои.