Австријците веруваат во теоријата на заговор за Гејтс и присилното вакцинирање

140

Различни приказни за коронавирусот кружат во Австрија, а анкетите на јавното мислење спроведени од Универзитетот во Виена покажуваат дека теориите на заговор наоѓаат плодна земја.

Најмалку 14 проценти од анкетираните Австријци, веруваат во приказната дека вирусот се шири преку 5G мрежата, додека повеќето од нив, 40 проценти, веруваат во теоријата дека Бил Гејтс наводно присилно сака да ги вакцинира луѓето, јавуваат австриските медиуми.

Повеќето од теориите на заговор, како што е ширењето на коронавирусот преку мрежата 5G, кинеските био-оружја и веќе развиената вакцина која не била развиена поради интересите на моќниците, поголемиот дел од Австријците не ја прифатиле како вистина.

Сепак, има голем број на луѓе кои не би исклучиле дека овие приказни се можеби вистинити.