Е-капсула која се голта ќе ги открива сите болести

201

Човекот ќе може да открие гасови во цревата и резултатите од истражувањето да се појават директно на екранчето на смартфонот.Такво е откритието на научниците од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн и Универзитетот Монаш во Австралија, соопшти списанието “Сианс е авнир”.

За таа цел тие развиле капсула која се голта . Таа е опремена со батерија и сензори и ја мери концентрацијата на гасови, додека се снаоѓа во дигестивниот систем. Микропроцесор ќе ги обработува добиените информации , кои потоа ќе бидат испратени на смартфонот преку безжична врска.

Овие истражувања ги заинтересираа медицинските лица, бидејќи гасовите во цревата се маркери за некои болести , како рак на дебелото црево, хронични воспалителни болести на цревата, синдром нервозно дебело црево. Сегашните инвазивни методи, како тест на здивот, за кои се смета дека ги мери предметните концентрации, не се од голема корист, бидејќи не дозволуваат да се утврди каде точно се произведени гасовите.

Капсулите засега се испробани врз животни. Се очекува наскоро да започнат тестови со луѓе.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео