Почина Драган Вучиќ

4735

Македонскиот кантавтор и водител Драган Вучиќ денеска почина на Инфективна клиника во Скопје на 65-годишна возраст.

Драган Вучиќ, кој претходниве денови бил во тешка здравствена состојба и бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка.

Драган е роден во Скопје1955. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се Свирете ја Зајди зајди, Анѓели ме носат и Кажи ѕвездо. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата Кода. Тој ја компонираше песната Make My Day, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 2005.

Вучиќ е познат во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.