Можеби веќе сте чуле за математичката формула за пресметување на „социјално прифатливата“ разлика во возраста кај паровите.
Според ова правило, поделете го бројот на вашите години со две и додадете на тоа седум години, што треба да биде минимум под кој не треба да одите. Ако имате 32 години, „социјално е прифатливо“ да сте во врска со некој од 23 години или постар. Исто така, според ова правило, прифатливо е лице од 32 години да е во врска со некој на возраст од 50 години и под.
Иако ова е општо прифатено правило, експертите сугерираат дека мора строго да се придржувате до него.
Оваа формула ви помага да останете таму каде што има заеднички интереси со вашиот партнер и веројатно ќе ви овозможи подобра комуникација. Меѓутоа, ако сретнете некој чија возраст е надвор од опсегот на формулата, но ве прави среќни, игнорирајте го правилото, советува експертот за односи Дејвид Бенет .
Неговата колешка Керол Родерик вели дека не ги советува клиентите буквално да го следат правилото, но „ги охрабрува внимателно да размислат за горните и долните граници за партнерот, особено на веб-страниците и апликациите за да ја пронајдат подобрата половина“. Според неа, кога ќе сретнете некого, обично сте во можност да ја процените нивната зрелост, виталност и намери во приближно исто време кога ќе ја дознаете нивната возраст “.
Најризичниот аспект на врската со некој значително помлад или постар од вас е тоа што можеби имате многу заедничко во моментот, но по пет години би можеле да доживеете значителни разлики во целите и начинот на живот, смета Родерик.
Исто така, според истражувањето од 2014 година, колку е поголема разликата помеѓу партнерите, толку е поголема веројатноста парот да се разведе. Паровите со петгодишна разлика имале 18% поголеми шанси да се разведат, стапката на разводи скокнала на 39% кога имало разлика од десет години и 95% кога имало разлика од 20 години.



















