90% од вас копаат нос и јадат мрсули, дали воопшто знаете што значи тоа? Воопшто нема да ви се допадне

3086

Носната слуз ефикасно ги заробува бактериите и микробите што влегуваат во носот и ги спречуваат да влезат понатаму во вашиот организам.

Големи се шансите редовно да го копате носот како жителите на Wisconsin со кои е спроведено истражувањето за оваа појава, пишува IFLScience.

Во 1995 година, тим научници се обидоа да откријат колку е вообичаена практиката на конзумирање на сопствените мрсули од носот кај возрасните и дали некои луѓе го прават тоа до тој степен што може да се смета за психијатриско нарушување.

Тие анонимно анкетирале случајно избрани жители на Wisconsin и откриле дека 91 проценти од нив го копаат носот, а околу 75 проценти од луѓето мислат дека тоа е нешто што го прават сите луѓе. Според овие податоци, научниците заклучија дека копањето на носот е речиси универзална практика кај возрасните.

Значи, дали мукофагијата е најблага форма на автоханибализмот и дали е тоа добра или лоша навика? Постојат неколку предности и недостатоци, дури и ако го изоставите изгледот на одвратност од луѓето околу вас.

Нема докази дека ова е добро за имунитетот

Како прво, извлекувањето мрсули од носот може да биде штетно, бидејќи може да добиете стафилокочна инфекција. Иако присуството на оваа бактерија во носот не води секогаш до инфекција, во случај да ја добиете, ќе добиете чирови, плускавци и болни грутки.

Луѓето кои принудно го копаат носот, исто така, можат да добијат инфекција, бидејќи создаваат рани во носот. Една 53-годишна жена, која го копала носот од својата десетта година, направила дупка низ делот од ѕидот на носот што ги дели ноздрите.

Но, има и такви кои веруваат дека е добро да се јаде мрсулот, а меѓу нив е и д-р Friedrich Bischinger кој тврди дека тоа е добро за зајакнување на имунитетот. Тој дури ги охрабрува малите деца да го прават тоа. Освен што е навистина чудно, нема докази за да го поддржат неговото тврдење.

Носната слуз ефикасно ги заробува бактериите и микробите што влегуваат во носот и ги спречува да влезат понатаму во вашиот организам, така што нема смисла зошто треба да ги внесете преку дигестивниот тракт. Накратко, веројатно е најдобро само да го дувате носот, дури и ако никој не ве гледа.