Коњска маст | Верувале или не, оваа маст нема никаква врска со коњите

2483

Веруваме дека сте слушнале за коњска маст, која инаку е позната по тоа дека ја олеснува болката во мускулите, зглобовите и коските. За каков препарат станува збор, што всушност спаѓа во неговиот состав и за што може да се искористи – ќе објасниме во рамките на овој текст.

На пазарот има т.н. зелена и црвена коњска маст или коњски мелем. Покрај неговата првична намена, овие масти се целосно природни производи за нега на кожата, додека црвената маст се користи и како средство против целулит.

Коњската маст е добра за стимулирање на циркулацијата, елиминирање на отоци, модринки и ги олеснува грчевите во мускулите. Професионалните спортисти се особено ранливи на повреди на мускулитe и зглобовитe, a оваа маст е како создадена за нив.
Зелената коњска маст има, исто така, ефект на ладење, па затоа се користи за масажи.

Што влегува во составот на коњската маст?

Германија е земјата од коде потекнува оригиналниот рецепт за овој чудесен балзам. “Krauterhof” е производител на коњска маст која е најзастапена ширум светот.

Зошто се нарекува „коњска маст“?

Верувале или не, оваа маст нема никаква врска со коњите, всушност станува збор за грешка при превод од анг. јазик – Horse chestnut balsam – што значи мелем од див костен, но погрешно е преведен како коњски мелем (horse), и така до денес тоа име станало популарно кај народот.

Коњската маст има богат состав од исклучиво природни состојки, имено: див костен, винова лоза, камилица, матичен млеч, ајдучка трева, валеријана, хмељ, анасон. Основата ја сочинуваат алкохол, вода и рицинусово масло.

За што се користи коњската маст?

Продолжува на страна 2