Коњска маст | Верувале или не, оваа маст нема никаква врска со коњите

8496

За што се користи коњската маст?

Зелена коњаска маст

Зелената коњска маст има ефект на ладење и делува слично на аналгетиците (ја ублажува болката). Продира длабоко во кожата и ја подобрува циркулацијата на одредена област. Исто така, спречува грчеви и воспалителни процеси. Се користи при изгореници и смрзнатини. Рузмаринот и арниката, се состојки кои, исто така, влегуваат во составот на зелената коњска маст кои ги ублажуваат симптомите на ревматизам, гихт и болки во мускулите. Зелената коњска маст делува против запаление о проширени вени. Оваа маст добро се апсорбира во кожата и не остава мрсни траги.

Црвена коњска маст

Наспроти зелената, црвената коњска маст го загрева местото на кое се применува. Се препорачува за закрепнување во случај на незгоди, дискус хернија и проблемите со колкот. Добра е за третман на спортски повреди и воспаление на мускулите. Црвената коњска маст содржи и имела и миродии, покрај другите природни состојки. Црвениот коњски мелем е добар за циркулација, а особено се препорачува за лица со синдром на ладни стапала и раце. Не ја користете коњската маст веднаш по туширање, затоа што создава многу непријатно чувство на печење/горење на кожата. Ова се случува затоа што веднаш го подобрува протокот на крвта. Црвената коњска маст е добра за ишијас и дискус хернија. По апликацијата, го загрева болното место и со тоа ги олеснува симптомите на овие болести. Црвениот коњски мелем е, исто така, одличен против целулитот.

Коњската маст може да се купи во аптеките и продавниците за здрава храна. Цената воопшто не е висока, а проверете дали купувате оригинална коњска маст, направена според оригиналниот германски рецепт – поефикасна е од другите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.