Мажите неоправдано ја носат титулата посилен пол

1286

Мажите неоправдано ја носат титулата посилен пол, покажуваат резултатите од неодманешните истражувања

– Петтина од сите предвремено родени мажи бебиња умират во споредба со 14 отсто од девојчињата, се истакнува во текстот „Послабиот пол“ објавен во „Њујорк тајмс“.

– Повеќе момчиња умираат по раѓањето, а синдромот на изненадна смрт на бебе дури 1,5 пати почесто се јавува кај машките бебиња. Стапката на смртност кај момчињата двапати е поголема во тинејџерскиот период, поради тоа што жените веќе во 36-тата година од животот по бројност го надминуваат бројот на мажите на планетата. Мажите почесто умират од тумор на дишните органи, цироза на црниот дроб, дијабетис, удар и коронарни срцеви болести, но и од повреди здобиени во тепачки и во сообраќајни несреќи.

Експертите од Универзитетот во Станфорд тврдат дека жените имаат поголема толеранција на болка, односно дека се способни да поднесуваат повеќе болка отколку посилниот пол. Со ова американско истражување, после тестирањето на чувствителноста на болка на 72.000 пациенти од двата пола, идентификувани се 47 категории болки кои поттекнуваат од 16 групи болести. Научниците дојдоа до заклучок дека прагот на чувствителност на болка кај жената е многу поизразен отколку кај мажите, но дека тие полесно го поднесуваат, особено кога станува збор за реума и напади на мигрена.

Кога е во прашање поднесување на болка, многу се важни стеротипите во однос на половите во животната средина. Спорд истражувачите од Лидс Метрополитен Универзитетот, полот и културата играаат важна улога на начинот како ја третираме болката.

Жените се многу подобри и во поднесување на тешките ситуации отколку мажите. Тие седум пати почесто ги оставаат сопругите кога ќе се разболат. Американското истражување, спорведено на 500 брачни двојки каде еден од партнерите има дијагноза на сериозна болест, како рак, покажа дека бракот ќе заврши со развод многу почесто кога болниот партнер е жена. Од 23 разводи забележани кај пациенти со  мултиплекс склероза, во 22 пациенти на развод се жени. Како и многумина како 21 отсто од браковите каде биле болни жените завршиле со развод, за разлика од три отсто од браковите во кои пациенти биле мажите.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk