Дали кондомите се добри за здравјето на жените

727

Кондомите се покажаа исклучително корисни за колониите на добрите бактерии во женските гениталии.

Кондомите се сѐ уште најсигурната заштита од сексуално преносливи болести, како и од несаканата бременост, но кинеското истражување покажува дека придобивката од кондомите многу е поголема, бидејќи тие имаат големо влијание врз здравјето на жените.

Всушност, истражувањето покажало дека жените кои користат кондоми како заштита имаат поголеми колонии на корисни бактерии во гениталиите, а со тоа овие микроорганизми ја одржуваат киселоста на вагината на право ниво од 4,5 pH вредност, која го спречува развојот на штетните бактерии кои можат да ги предизвикаат инфекциите.

Иако не се омилени средства за заштита на поголемиот дел од мажите, по овие резултати би требало да се поработи на подигнувањето на свеста дека со употребата на кондомите, меѓу другото, се заштитува и здравјето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.